Skip to main content

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи Конгрес на 7 јуни, најави денеска претседателот на партијата Венко Филипче.

Лидерот на опозицијата најави и меѓународен состанок со регионалните сестрински партии со кои ќе потпишат заедничка Платформа за борба против авторитарни режими, борба со корупција и европска интеграција на регионот.

Утревечер во 19 часот, СДСМ ќе одржи Централен одбор, а на седницата ќе ја презентирам новата предлог Програма на партијата на која ќе работаат членови на Централниот одбор, стручни комисии од различни области и сфери, за граѓаните да знаат какви политики ќе предлагаме во следниот период. Процесот ќе заврши со усвојување на програмата на Конгрес кој ќе се одржи на 7 јуни. На Конгресот ќе му претходи меѓународен состанок „Скопска иницијатива“ со регионалните сестрински партии со кои ќе потпишеме заедничка Платформа за борба против авторитарни режими, борба со корупција и европска интеграција на регионот – најави лидерот на македонската опозиција Филипче.(МИА)

Поврзани вести