Skip to main content

Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија

МИА

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска од Крушево упати честитка по повод 2 Август, Денот на Републиката – Илинден.

Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, од каде што тргна големата борба, епопејата за слободна, независна држава. Денеска ги славиме и двата Илиндени, и тој од 1903-та и тој од 1944-та и АСНОМ. Мора прво да се присетиме и да оддадеме признание на сите жртви коишто со својата крв, со својата жртва се вградија во темелите на нашата модерна држава. Тие ја започнаа борбата за да од една сиромашна, полуфеудална и неразвиена земја ние сега живееме денеска во модерна и развиена држава – вели Филипче.

Но, додава тој, денес продолжува борбата за интеграција на земјата во ЕУ, за што е, вели, потребна напорна работа, бо и обединување.

Меѓутоа мора да признаеме дека нашата мирновременска борба не е завршена, дека мораме уште многу напорно да работиме, да конечно станеме дел од Европа каде што припаѓаме, и цивилизациски, и културно, и географски. Сите заедно мора да работиме и да ги оставиме настрана и поделбите и квалификациите на патриоти и предавници, затоа што вистински патриотизам е само унапредување на нашата држава – вели претседателот на СДСМ Филипче.

Поврзани вести