
Лидерот на СДСМ по прогласувањето на резултатите рече дека не планира да поднесе оставка иако не е постигнат посакуваниот изборен резултат, но, како што вели, резултатот не е лош со оглед на околностите. Дополнително, Филипче посочи дека во добар дел од општините СДСМ има зголемување на бројот на гласови во однос на ланските парламентарни и претседателски избори.
„Тоа е доказ на таа консолидација којашто започна изминатите месеци во партијата – процес на кој интензивно ќе работиме во следниот период. Апелирам граѓаните да излезат масовно на гласање во вториот круг. Битно е избраните градоначалници да имаат легитимитет од што поголем број на граѓани“.
Резултатот, според Филипче е доказ за консолидациј на партијата којашто започна изминатите месеци .