
Веќе неколку дена јавноста е сведок на најголемата политичко-финансиска афера во поновата историја, афера која целосно ги разголе маските на ДУИ и Али Ахмети. Нивниот молк е најгласното признание. Пред цела Македонија се обелоденија непобитни докази за криминалната и антиалбанска спрега: Мијалков – Ахмети – Вучиќ, се вели во соопштението од Коалицијата ВРЕДИ од прес-конференцијата на Беким Фазлиу, што МИА го објавува интегрално.
Да повториме за оние кои се прават дека не слушнале.
Прво: Фамилијата на Али Ахмети, преку фирмата „АС Сењак“, на 17 септември оваа година продала огромен пакет акции на Алта Банка од Белград, банка директно контролирана од режимот на Александар Вучиќ. Додека зборуваат за патриотизам, фамилијата на Ахмети го продава својот економски профит од нашиот грб и го внесува српскиот свет директно во срцето на државниот банкарски систем.
Второ, и уште пострашно: Истите тие акции, фамилијата на Али Ахмети ги купила една година претходно, на 24 октомври 2024 година, директно од човекот на сите криминални шеми во Македонија, Сашо Мијалков!
Линијата е кристално јасна: Парите на тајниот шеф на полицијата Мијалков, преку фамилијата на Али Ахмети, завршуваат кај режимот на Александар Вучиќ. Ова не е бизнис. Ова е предавство на националните албански интереси и доказ за една мрачна коалиција која работела зад грбот на граѓаните.
И што имаме денес? Громогласен молк. Али Ахмети молчи. Се крие и мисли дека вистината ќе исчезне. Затоа е нервозен. Затоа пак се прави патриот. Ниту еден функционер на ДУИ не излезе да каже ниту збор. Ниту еден не собра храброст да ја одбрани оваа срамна зделка. Молчат и неговите нови партнери. Зијадин Села не сака да каже збор. Арбен Таравари не сака да каже збор. Дали не знаеле со кого влегуваат во коалиција или, пак, знаеле и го одобриле овој сојуз со српскиот свет?
Бидејќи тие молчат, ние јавно прашуваме. Ова се прашањата на кои Али Ахмети, ДУИ и неговите партнери избегнуваат да одговорат:
Зошто фамилијата на Али Ахмети купувала акции токму од Сашо Мијалков? Каква е таа тајна врска и каков долг враќал Ахмети кон човекот кој со години ги угнетуваше Албанците?
Зошто истите тие акции се продадени на банката на режимот на Александар Вучиќ? Дали ДУИ е само посредник за перење на валканите пари на оската Скопје-Белград?
Што доби Али Ахмети за возврат? Која е цената за инсталирање на српскиот свет во Македонија и распродавање на интересите на Албанците?
Дали ова е тој „европски фронт“? Фронт со парите на Мијалков и капиталот на Вучиќ? Ова ли е иднината што им ја нудите на Албанците?
И конечно, го прашуваме Али Ахмети, но и Зијадин Села и Арбен Таравари: Дали сите заедно соработувате со Александар Вучиќ или Али Ахмети е само извршител на вашите заеднички зделки?
Почитувани, Нивниот молк е одговор. Тие немаат одбрана, бидејќи се фатени живи во криминал и предавство. ДУИ не е партија на Албанците. ДУИ е приватна фирма за богатење, која сега служи како филијала на српските интереси во Македонија. Времето на лагите заврши. Вистината е пред вас. Време е за одговорност.