Skip to main content

Два отсто доверба на граѓаните во правосудството е клучен показател дека реформи се неопходни

Портпаролката на Владата Марија Митева се осврна на темата за правосудството. Митева посочи дека  2% доверба на граѓаните во правосудството е клучен показател дека реформите во оваа сфера се неопходно. Таа нагласи дека Владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата се приоритети на Владата, а реформите не се политичка игра и се од важно значење за правосудството. Митева напомена дека Владата ќе продолжи да бара одговорност, со посветеност на спроведување на правдата и примена на законски измени, а компромиси нема да има.

,,Довербата на граѓаните во оние 2% е најдобриот показател за тоа дека правосудството во целина, е можеби најслабата алка во целокупниот систем. Континуирано зборуваме дека исклучително ни е важно, како држава владеењето на правото и борбата со криминалот и корупцијата а тоа се надлежните институции кои што треба тоа да го спроведуваат“, вели Митева.

Митева истакна дека реформите во правосудството се неопходни и не станува збор за политички поени, туку суштинска потреба. Таа додаде дека многумина може да ја обвинуваат власта и да тврдат дека реформите се притисок од власта, меѓутоа тие можеби се оние кои имаат интерес од статусот-кво.

,,Кога имаме едни вакви примери и како низа други за жал само ни потврдуваат дека реформи во правосудството се неопходни. Не е тоа политика која ние на дневна база треба да ја користиме, за  било какви политички поени и тоа сме го говореле и од аспект на опозиција го говориме и сега. Изминатиов период, ние како власт, и како владејачко мнозинството во рамките на парламентот започнавме иницијативи. Многумина не обвинуваа, многумина велеа дека тоа е еден притисок кој што го врши власта, но од друга страна јас не можам да се согласам со таквите констатации, јас ценам дека таквите констатации доаѓаат од луѓето на кои што можеби ваквата статус кво состојба им одговара во правосудството“, посочи Митева.

Митева продолжи и додаде дека мора да има и ќе се продолжи со барање на одговорност во контекст на интерпелациите за петте членови на Судскиот совет. Таа ја потенцираше и веќе покренатата постапка против јавниот обвинител, меѓутоа објасни и дека поради трагедијата во Кочани е стопирана, а спроведувањето на правдата и понатаму останува приоритет за Владата.

,,Ќе продолжиме ревносно да зборуваме за тоа, ќе продолжиме да бараме одговорност тие интерпелации кои што беа покренати во Собранието. Го видовме исходот остана,  би кажала, она чувство на морална одговорност која што би требале да ја имаат тие  пет членови на Судскиот совет кои што се избрани во рамки на Собранието. Покренавме и постапка против Јавниот обвинител односно дадовме предлог  до Советот за јавни обвинители, меѓутоа, за жал трагедијата во Кочани го зема самиот фокус и тука не можеме да работиме со калкулација за тоа што е поважно. Се разбира дека спроведувањето на правдата во овој дел беше на врвот на приоритетите на нас како Влада“, децидна е Митева.

Митева истакна и дека реформите ќе продолжат, вклучувајќи законски измени и примена на забелешките од Оценската мисија, и дека владеењето на правото е врвен приоритет за Владата, без компромиси.

,,Ќе продолжиме ревносно да работиме на овој сегмент. Тука се и законските измени кои што се дел и од онаа реформска агенда, тука е и Оценската мисија која што беше направена и сите тие забелешки кои што треба да се применат и се разбира дека како Влада ќе бараме одговорност и ќе бидеме сигурно посветени дека наш врвен приоритет е владеење на правото. Компромис со ова не смее да има, имало во минатото многупати и тоа довело до оние 2% кои што ги спомнувате, а според мене се и многу помалку и од тоа“, заклучи Митева.

 
 Митева: СДС и ДУИ работеа спротивно на волјата на граѓаните, нема толеранција за корупција

фото: Влада

На гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5, портпаролот на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева говореше за трагедијата во Кочани, каде што напомена дека реакцијата на надлежните институции била брза и ефикасна, бидејќи до сега јавноста не била навикната на таков механизам. 

„Избрзан беше чекорот на СДС за барање на анкетна комисија, веднаш потоа се отиде чекор наназад кога се виде дека истрагата во овој рок беше брза и незамисливо ефикасна, затоа што имавме за само една недела по трагедијата покренување на кривична пријава за 34 лица, сега 33 за жал. Истрагата е во тек, јас очекувам дека истата може ќе се прошири, може не, така што јас искрено верувам дека ова ќе биде првиот случај за којшто ќе имаме правда и ќе имаме нула толеранција за корупција, селективноста не постои, ниту постоеше од самиот почеток, самата истрага тоа го потврди’’, истакна Митева.

Во однос на анкетна комисија во Собранието, Митева рече дека е во ред да има, но да се опфатат и сите претходни случаи, за кои што епилогот за жал бил дека кабелот е крив.

„Да направите чекор напред и да осигурате дека веќе нема да ви се случуваат вакви трагедии, мора да се свртите позади и да има одговорност за тоа што се случило. Не можеме ние да почнеме и да кажеме дека од сега градиме држава. Ние имаме активни случаи, за кои сметаме дека истрагата потфрлила, дека процесот понатаму потфрлил, дека многу долго траел. Се сеќава народот на кабелот е крив и на многу други состојби. Мораме ние да ги отвориме сите случаи, да ги распакуваме, да бидат на увид на јавноста, да зборуваме за се отворено, тоа е тешкиот пат, но мораме од таму да почнеме’’, нагласи Митева.

Митева се осврна и на уставните измени, за кои што таа рече дека и Владата и ВМРО-ДПМНЕ ставовите се конзистентни. Таа потенцираше дека СДС и ДУИ носеле одлуки кои биле спротивни на мислењето и волјата на народот.

„Зошто не ја слушаа тогаш опозицијата, зошто не го слушаа народот кој што им велеше дека ваквите политики се погрешни и нивниот резултат по однос на таквите политики го видовме пред само 9 месеци’’, заклучи Митева.

Поврзани вести