Skip to main content

ДУИ се огради од Груби: Ќе останат посветени на стратешката соработка со САД

Демократската унија за интеграција ја почитува одлуката на Стејт Департментот на САД, соопшти денеска опозициската ДУИ.

Ова е првата официјална реакција на партијата откако вчера САД го ставија поранешниот вицепремиер Артан Груби на нивната црна листа. На листата од вчера е ставен и апелацискиот судија Енвер Беџети.

Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста, се вели во соопштението на ДУИ

Поврзани вести