Skip to main content

ДУИ повика на ветинг, ВРЕДИ вели дека Груби ѝ направи ветинг на ДУИ

Одбивањето на барањето за ветин за сите функционери во државата е нешто што ги обединува ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, вели шефот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети.

За жал, македонските политичари, било од ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, многу лесно го отфрлија ова барање, а од друга страна се обидуваат да се прикажат дека се обидуваат да се борат против криминалот и корупцијата“, вели Беџети.

Опозициската ДУИ преку писмено соопштение повика на ветинг, велејќи дека само ветингот на потеклото на богатството на сите политичари, без исклучок во последните 30 години и обелоденувањето на приватизацијата,се гаранција за владеење на правото.

Ова е единствениот начин за враќање на довербата на граѓаните и за градење стабилен правен поредок. Во спротивно, ваквиот пристап ќе продолжи да создава политичка поларизација и етнички поделби кои ќе ги поткопаат темелите на нашето општество“, изјавија од ДУИ.

Со реакција излезе коалицијата ВРЕДИ од каде велат дека Артан Груби веќе и направил ветинг на ДУИ.

Бидејќи имаат горлива желба за ветинг, Артан Груби веќе и направи ветинг на ДУИ. Албанците добро знаат дека зад огнената “патриотска“ реторика се кријат чисти финансиски интереси на кланот политички олигарси кои пред врата им чука моментот кога треба да одговараат! И нашиот постојан сојузник САД ги извести за тоа“, велат од ВРЕДИ.

Од ВРЕДИ велат дека за Албанците и државата доаѓаат светли денови, додека за оние кои злоупотребувале, дојдат црни денови каде сите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom