
Можеби и по интерпелацијата ќе останат повеќе прашања од одговори, сепак јавноста треба да знае што се случува во тој „бастион“ на нефункционалноста што ја прави и самата држава таква. И до кога токму таму ќе се случуваат работи каде што има партиско влијание, наместени случаи, влијанија, поткупи, уцени? Тоа најодговорно го тврдат и го елаборираат професионалци од судско-обвинителската фела, кои секојдневно ја работат таа работа како обвинители, судии, адвокати, пишува во својот коментар во „Нова Македонија“ новинарот Христо Ивановски.
- Затоа ќе биде многу важно токму преку случајот „Коцевски“ да видиме дали уставните начела ќе добијат потврда и валоризација. Да се потсетиме што значеше одлуката на Уставниот суд за балансерот и како една негова одлука ја врати довербата во судството, а не остави простор партиските кујни и улицата да ја дефинираат законската рамка, коментира Ивановски.
Повеќе на Нова Македонија.мк