Skip to main content

Дрин Ахмети: Во чичко ми Али Ахмети гледав пример каков треба да биде еден човек

Бизнисменот Дрин Ахмети во интервјуто за „Република“ вели дека неговиот чичко Али Ахмети не му помага воопшто во бизнисите. На прашањето колку Али му помага во бизнисите во Македонија тој одговори:

Нула.

На нашиот коментар дека се чини дека е полесно да се работи кога на ваша страна го имате можеби најмоќниот човек во земјата, Али Ахмети влијаел на неговото воспитување како дете, кога не ни знаел дека тој е важна личност.

Не. Со кој може сите врати да ви се отворат. Луѓето овде во нашата земја, за жал, сè уште имаат негативно расположение кон бизнисот. Сега, верувам дека вие доаѓате од централно десничарски медиум и повеќе го цените бизнисот отколку социјализмот. Значи, нема да навлегувам во политика или филозофија, но ако можете да наведете една личност, компанија, субјект со кој чичко ми ме поврзал или вршел притисок да ми помогне, било кој субјект, можете да кажете дека беше овој, оној, нема ништо такво. Никој, никогаш. Да, тој влијаеше на моето воспитување како дете затоа што го користев како пример каков треба да биде еден човек а не политичар. Кога бев дете, не знаев дека тој е важна личност. Не знаев. Кога растев, сфаќав дека ако си важен човек, не одиш наоколу да им кажуваш на луѓето дека си важен, туку едноставно си, го знаеш тоа и си достигнал ниво на самопотврдување и не ти треба да се пофалиш со тоа. Тоа е една од најважните лекции што ги научив од него. Но, што се однесува до мојот бизнис, една и пол година сите ме истражуваат. Не најдоа ниту една врска меѓу мене и него бидејќи нема.

Поврзани вести