Skip to main content

До почетокот на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници

Принтскрин од видео

Вчера на седницата која што ја имавме во Штип донесовме одлука за нови имиња на кандидати за градоначалници и според мое силно убедување идни градоначалници, реце претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Со овие нови имиња бројката е веќе 33 кандидати, во овој момент имаме дополнителни 17 мерења во општините и очекувам дека бројката ќе биде заокружена до крајот на првата половина од јули, со што практично сите општини ќе ги добијат имињата на кандидатите за градоначалници. Исто така делот од кандидатите кои што ќе ги поддржиме уште во првиот круг се кандидати од коалиционите партнери кои што доаѓаат од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, но и од внатрешната коалиција, истакна Мицкоски.

Поврзани вести