Skip to main content
6-hcYuXTT_4

Директорката на клиниката за пластична хирургија низ солзи им се заблагодари на странските доктори за помошта

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од Израел, Чешка и Србија кои дојдоа во земјава за да им помогнат на нашите доктори по големата трагедија во Кочани.

„Сакам да ви се заблагодарам на сите што сте тука и ни помагате во оваа ситуација. Завршивте одлична работа. Ни го дадовте патот по кој треба да одиме, за да го направиме најдоброто за овие млади души и да им дадеме шанса да го видат светот“, вели Ѓоргиевска Павловска.


Емотивното видео го објави Sheba Medical Center Global Impact, еден од водечките светски медицински центри, со седиште во Израел. Нивниот тим изведе 35 процедури на пациенти во четири различни болници во Македонија.

Поврзани вести