Skip to main content

Делегација на Вооружените сили на Унгарија во официјална посета на Армијата

Висока делегација на Вооружените сили на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Габор Беренди, е во дводневна официјална посета на македонската Армија.

Од Генералштабот на Армијата информираат дека генералот Беренди, по денешниот пречек со високи воени почести во Кампот за обука на вода во Охрид, ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Главни теми на средбата, како што се наведува во соопштението, ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, процесот на трансформација и модернизација на Армијата, соработка помеѓу специјалните сили, како и капацитетите на АП „Криволак“.

Поврзани вести