
НГИ „Коалиција на Египќани“ како дел од големата коалиција „Твоја Македонија“ предводена од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, ги повикува нејзините активисти, членови и симпатизери, како и граѓаните Египќани, на 02.11.2025 година, масовно да излезат на вториот круг на Локалните избори и да ги поддржат кандидатите за градоначалници предложени од ВМРО-ДПМНЕ.
Со поддршка на кандидатите за градоначалници предложени од ВМРО-ДПМНЕ, го градиме патот на институционална интеграција на Египќаните, рамноправност, еднаквост и демаргинализација. Се обединуваме во интерес на Македонија. Египќаните имаат нужна потреба од обединување и нивно соодветно и правично застапување во институциите на системот.
Имаме одлична соработка и поддршка од премиерот Христијан Мицкоски, како и кандидатите за градоначалници, а тоа е мотив повеќе да излеземе на гласање и да ги поддржиме кандидтите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг – истакна лидерот на НГИ „Коалиција на Египќани“ Демир Далип.
Кон овој апел се придружува и владиниот преставник на Бошњаците во Македонија, господинот Салко Куч.

Македонски








