Целото ЈОРМ, капата на целото обвинителство е октруирано од два-тројца обвинители од поранешното СЈО. Еден од нив е тој е со дијареата. Претходно работев во Фонд за здравство и имам добри познавања од медицината. Знам дека еден од причинителите за дијареа е прекумерното користење алкохол. Доаѓа до уништување на флората во цревата, забрзано работење на перисталтиката и до дијареа. Секако и вирус може да предизвика, но и алкохолот е една од најчестите причини за дијареа – обвини вишиот јавен обвинител, Мустафа Хајрулахи, кој од неодамна е суспендиран.
Премиерот Христијан Мицкоски и денеска повторно го спомена обвинителот кој имал дијареа кога требало да потпише налог за претрес.
„Реформата во правосудството треба да биде динамичен, тој што не ги исполнува очекувањата треба да замине. Ценам дека оваа доверба во правосудството, покажува дека тие не успеаја. Ова треба да биде правило, ако не ја оправда, било кој довербата кај граѓаните, да си заминат. Без разлика на општествената улога. Очекувам малку поголем фокус да имаат во справување со криминалот и корупцијата, тоа пред се важи за обвинителите, кои во сред акции кога треба да има налог за претрес или приведување, тие добиваат анксиозност, главоболки, повишена температура, дијареа“, рече Мицкоски.
На прашањето на водителот во поткастот „На кавга со Иван“ дали поранешниот обвинител на СЈО и шеф на Основното јавно обинителство, Гаврило Бубевски е обвинителот со дијареа, кој заедно со уште еден обвинител требало да оди во МВР за да потпише претрес и приведување, Хајрулахи вели:
Сум ги слушнал и јас муабетите од коауларите, но не тврдам. Веројатно се работи за некоја кривична пријава која е во тек. Најверојатно се работи за сериозна пријава, и знаете, 3,4, 5, 6, 7 дена е многу во вакви пријави. Секој некој кој што му се спрема кривична ќе се даде во бегство.
Тој на крај искоментира дека кога биле во СЈО овие обвинители биле здрави и прави ко дрен.