
АлиАхмети индиректно повика на дестаблизација на земјата доколку Уставниот суд чеплнел во Законот за јазици на седницата која треба да се одржи овој месец.
Интегративците на терен ќе се обиделе да го спречат одржувањето на локалните избори наесен, а што, пак, владејачката Вреди го толкува како бојкот на изборите од ДУИ.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја заострува реториката и упати нова закана во пресрет на подготвителната седница на Уставен суд, закажана за 20 март, за Законот за јазиците – дека ако биде засегнат албанскиот јазик, ќе нема локални избори.