Skip to main content

Д-р Игор Николов е именуван како контакт-лице за сите информации поврзани со состојбата на пациентите во странство

За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице е именуван проф. д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 270 648, соопшти Министерството за здравство донцна вечерва.


Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега. Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка, се вели во соопштението на МЗ.

Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

  • Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.
  • Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.
  • Република Грција: 4 пациенти се згрижени.
  • Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.
  • Република Хрватска и Романија: Се очекува во тек на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.
  • Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти,

Утрово, во Кочани, во пожар во дискотека загинаа 59 лица, претежно млади и 155 се повредени.

Поврзани вести