Skip to main content

Четири пратеници на Таравари остануваат со мнозинството?!

Четири од петте пратеници на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари нема да преминат во опозиција. Тие би останале со владеачкото мнозинство, смета министерот за социјална политика и член на ВЛЕН, Фатмир Лимани, кој вели дека легитимитетот на коалицијата чиј е дел, лежи на принципите дека изборниот процес е демократски.

-Не знам дали со овие механизми, можат да се повикуваат на легитимитет. Начелно, грешка се ако мислат дека дел од пратениците на Алијанса за Албанците би преминале во редовите на Европскиот фронт бидејќи дел од нив ќе останат со Владата. Најмалку четири пратеници од нивните редови ќе преминат во делот на владеачкото мнозинство. Секој пратеник кој мисли треба да се вратиме на вредностите на семејството, да ни дадат можност овие четири години да се обидуваме да ги повратиме вредностите и да бидеме на браникот да не ни ги избркаат младите кои веќе 25 години живеат надвор од земјава и таму создаваат семејства, рече денеска Лимани на прес-конференцијата со турскиот амбасадор Фатих Улусој.

До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВЛЕН.

Поврзани вести