
Европската комесарка за проширување Марта Кос во објава на Икс упати честитка до македонските граѓани по повод Денот на независноста.
Цврсто го поддржувам вашиот пат за приклучување кон нашата Унија. Ние сме со вас на секој чекор од тој пат, наведе Кос во честитката.
Претходно, честитки по повод, како што наведе, Националниот ден, упати и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, посочувајќи дека ЕУ останува посветена на европскиот пат на земјата.