Skip to main content

Бојан Јовановски: Зоран Заев ме чинеше живот

Животот е едно големо чудо, никогаш не верував дека ќе завршам во затвор за дело кое никогаш не е докажано, за дело кое не постои, а осуден сум како да сум терорист и убиец. Ова е горка тема за мене која предизвикува различни чуства за мене, oд најголем бес до најголема тага, вели Бојан Јовановски во интервју за ТВ Пинк.

Тој се присети на деновите кога беше апсен и вели дека тој период едноставно претчусттувал дека ќе биде уапсен.

За тој ден дека ми се спрема апсење немав дојава, а дека знаев што ми се спрема неколку месеци порано–објасни Бојан.

Тој се отвори дека неговиот живот неколку пати бил доведен во прашање.

Бев итно опериран и едвај останав жив.Дваесетина минути ме делеа од сигурна смрт.Благодарение на хирургот кој ме оперираше на 8 септември 2020 година јас денеска сум жив. Бев нападнат и во затвор.Преживев сешто–се присети Јовановски.

„Операцијата“ како што го нарекува неговото апесење била организирана со политички цел.

Се пишуваше и дека полтичари од Србија се замешани .Ѓилас беше во канцеларија кај мене, беше и кај Заев.Во право се кога велат дека српската опозиција го презеде моделот од Шарената револуција во Македонија.Важно е да не се поткекне на манипулациите затоа што првата жртва од таквите манипулации бев јас. Српските политичари кои доаѓаа кај мене имаа контакти со тогашниот премиер Заев.Политичката операција која сега се случува во Србија беше планирана уште тогаш и јас бев сведок на тоа..Тогаш бев близок со тој што ме чинеше живот, мислам на Заев.Тој имаше блиски врска со српската опозиција-oткри Боки за ТВ Пинк.

Јовановски беше прашан и дали можел да се посомнева дека човекот со кој бил многу близок на крајот ќе му го направи тоа што му го направи.

За жал во политиката се може да се очекува.Не треба да имаш многу доверба.За жал јас имав и доверба, мложив многу труд, енергија. Вложив се што имав и изгубив се што имав–раскажа Јовановски.

Извор: TV PINK

Поврзани вести