Skip to main content

Бобан Николовски во новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ: Постојат признанија кои не бараат аплауз, туку обврска

Директорот на Царинската управа на Македонија и претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Бобан Николовски, е избран за член на новиот Извршен комитет на партијата. За Николовски, изборот во најтесното раководство е доказ дека неговата работа има смисла и континуитет.

Постојат признанија кои не бараат аплауз, туку обврска. Изборот за член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за мене претставува баш тоа, знак дека она што го правиме има смисла и континуитет. Благодарен сум на Претседателот Христијан Мицкоски на довербата која не се добива лесно. Продолжувам исто како и досега, фокусирано, мирно и со вера дека политиката се гради со резултати, а не, зборови – напиша Николоски.

На вчерашната седница на Централниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ најави промени и прилагодување на новите предизвици со кои се соочува општеството.

„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе понуди конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните. Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивниот процес на членството“, изјави лидерот, Христијан Мицкоски.

Тој кажа дека во наредниот период ќе се избираат претседатели на општинските комитети, како и нови раководства на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани.

Во составот на новиот Извршен комитет, за генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки, а членови се: Александар Николоски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска-Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галески, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакупоски, Драгана Бојковска, Синиша Стојаноски, Стефан Андоновски, Филип Поповски, Ивица Томовски и Владимир Нелоски.

Поврзани вести