Skip to main content

Азир Алиу останува во Вреди, Арбен Фетаи и други од Алијанса на средба со Курти без Таравари

Поранешниот министер Азир Алиу објави дека останува во коалицијата Вреди, истакнувајќи дека борбата против корупцијата и промените во општеството не се напуштаат на првата пречка.

Тој смета дека излегувањето од Владата во овој момент без јасен план може да доведе до рехабилитација на старите структури од ДУИ.

Во меѓувреме, вицепремиерот Арбен Фетаи објави фотографии од средба со косовскиот премиер Албин Курти во Приштина, каде што заедно со други членови на Алијансата за Албанците зборувале за заедничката визија за напредок.

Арбен Таравари, пред два дена поднесе оставка од позицијата министер за здравство, појаснувајќи дека Алијансата за Албанците излегува од Владата и коалицијата Вреди затоа што не сакале да бидат само „декор“ во власта. Тој најави мобилизација за локалните избори во октомври.

Првиот вицепремиер Изет Меџити изјави дека Владата останува стабилна и најави преговори со пратеници од опозицискиот „Европски фронт“ за приклучување кон владејачкото мнозинство.

Поврзани вести