![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/grubi-i-ahmeti.jpg)
Стејт департментот на САД соопшти дека воведува санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Македонија, Артан Груби, и судијата на Апелацискиот суд, Енвер Беџети, поради нивна вмешаност во значителна корупција.
Според соопштението, Груби и Беџети примале мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната осуда на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Мијалков беше санкциониран во 2022 година за значителна корупција според Секцијата 7031(в) од Законот за надворешни операции и поврзани програми на Стејт департментот.
![](https://mia.mk/articles/images/%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%98%D1%82%D0%B4%D0%B5%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%86%D1%80%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%B1%D0%B8%D0%B8%D0%B5%D0%BD%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B1%D0%B5%D1%9F%D0%B5%D1%82%D0%B8%D0%BF%D0%BE%D1%80nWPy8/GN7deaab5/large.webp?use_watermark=0)
Покрај санкциите за Груби и Беџети, забрани за влез во САД се воведени и за членовите на нивните семејства.
Овие мерки се дел од глобалната иницијатива за борба против корупцијата и злоупотребите на човековите права, која се спроведува по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата и Денот на човековите права.