Skip to main content

Анкета на ИПИС: Марко Колев со огромна предност во Велес пред неговите противкандидати

Општина Велес останува со истиот градоначалник судејќи по најновите анкети, Марко Колев со огромна предност пред неговите противкандидати, што покажува дека граѓаните се задоволни од неговата работа изминатите 4 години.


Според телефонска анкета за Општина Велес подготвена од ИПИС за потребите на МРТ за претстојните локални избори за случувањата во општина Велес и за рејтингот на политичарите и политичките партии во општината.


41.2% од испитаниците се изјасниле дека сигурно ќе излезат на гласање на престојтните локални избори.


Кога станува збор за кој кандидат велешани ќе го дадат својот глас на претстојните локални избори, 39.4% се изјасниле дека ќе го дадат својот глас за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев кој е и актуелен градоначалник на Општина Велес. За кандидатката на СДСМ Маја Хеско, се изјасниле 12.2%, додека пак за Маријана Деловска од политичката партија Демократи се изјасниле 2.7% од испитаниците.


На прашањето з која политичка партија би гласале на локалните избори, 27.4% од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. 10.7% за СДСМ, а по нив Левица со 10.4%, додека пак за ЗНАМ се изјасниле 2.6%. 3.1% од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за друга политичка опција.


37.1% од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните локални избори, додека пак за СДСМ се изјасниле 7.7%. По нив следуваат, Левица со 7,3% и ЗНАМ со 2.0%. 30.8% од испитаниците не сакале да дадат одговор, додека пак 2.1% се изјасниле дека ќе го дадат гласот за друга политичка опција.

Поврзани вести