
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, во Тема на денот на ТВ Сител изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во една институција по локалните избори.
Се чувствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“. Минатиот пат кога претходниот премиер ме прати во ЦУК ме прати да ја доведам институцијата во ред бидејќи беше пропадната и нефункционална во пресрет на ковид кризата. Сега премиерот ме праќа по наш претходен договор да ја кренам ДЗС која се наоѓа би рекол во хаотичн а состојба, рече Ангелов.
Ангелов рече дека се надева дека ДЗС и ЦУК ќе се обединат и дека благодарение на силната поддршка на премиерот Христијан Мицкоски, тој процес би можел да се заокружи по локалните избори.
За состојбите во ДЗС, Ангелов вели дека е во исклучително тешка состојба, а меѓудругото и поради тоа што претходниот директор е во притвор поради трагедијата во Кочани, што придонело и онака лошата состојба да стане уште полоша.
Во овој момент состојбата со Ер тракторите е исклучително комплицирана. Едниот Ер трактор го вративме од сервис. Останатите два би рекол се на сервис но заглавени поради финансиски потешкотии бидејќи Дирекцијата не може сама да ги сноси трошоците, кои ги надминуваат планираниот буџет но верувам дека со силна поддршка на прфемиерот и на Владата ова ќе биде надминато, рече Ангелов.
Тој вели дека во тек се разговори со потенцијални пилоти бидејќи недостасуваат двајца пилоти. Веќе имал средба со еден пензиониран пилоти и оти верува дека ќе постигнат компромис и дека ќе помогнат и ова лето.
Гледаме и стратешки и долгорочно, размислуваме како да произведеме наши нови пилоти, кажа Ангелов.