Skip to main content
За пари го отруја народот, но и себе

Ангелов: На пироманите во Вардариште им се дадени пари, ние сме цел на хибриден напад

Ова што сега се случува, ова е мој личен став, бидејќи од 1991 година сум во безбедносниот систем на државата, е последица на тоа дека ние сме цел на хибриден напад. Истовремено сме нападнати со повеќе пожари. Ќе ве потсетам дека денеска изби пожарот во една семенара, каде исто така имало пластичен отпад, можеби имало и гајби и истовремено се појави и овој пожар во Трубарево. Кажете ми колкава е можноста за два истовремени сериозни пожари додека ние ја затрупуваме Дрисла и се уште работиме во Вардариште – изјави на синоќешната вонредна прес конференција директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Тој укажа дека претходната Влада во овој дел не му давала задолженија и дека за време на претходната Влада, со депониите се справувале општините. Оваа Влада, рече тој, направи исчекор и ми даде поголеми овластувања и тоа јавно го кажувам: оваа Влада покажа неспоредливо поголема активност, во однос на пожарите.

На прашањето за тоа дека досега, оваа година изгореле 25 отсто од површините во државата, Ангелов рече:

Тоа дека 25 отсто од државата е изгорена е глупост. Ова е глупост. Обединити Нации измериле колку изгорело во Македонија? Двојна глупост е ако е на ОН. Оваа година изгоре помала површина од лани. Ако они мереле трева и грмушки, тоа е друго. Очекувам и други пожари, бидејќи сме цел на хибриден напад. Имавме еден катастрофален пожар во Јасен, но немавме други сериозни пожари -рече тој синоќа.

Што се однесува до Вардариште, Ангелов додаде:

Почетниот пожар е од палење кабли, а неофицијално имам информации дека на тие што палеле кабли им се дадени пари за вечерта да запалат пожар, а потоа истото да го направат и другиот ден. За пари – додаде Ангелов.

Поврзани вести