Skip to main content

Андоновски: Ние денес сме доказ дека идеалот на Даме Груев не згаснал – туку продолжува преку нас

Faccebook / Стефан Андоновски (Stefan Andonovski

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ја предводи владината делегација во Смилево, која е во состав од заменикот министер за финансии Николче Јанкулоски и заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, каде положија свежо цвеќе на неколку локации во Смилево по повод чествувањето на големиот празник 2 Август – Ден на Републиката – Илинден.

Министерот Стефан Андоновски се обрати и на традиционалната илинденска прослава во паркот „Даме Груев“.

Денес сме овде, во Смилево – местото каде што минатото е жив организам. Место каде што секој камен зборува, а секоја педа од земјата сведочи за борбата, визијата и жртвата на оние кои пред 122 години го поплочија патот на македонската државност. Смилевскиот конгрес и Илинденското востание не настанале во време на просперитет, туку во време на репресија, сиромаштија и поделби. И токму затоа храброста на Илинденците е и поголема. Тие не чекале идеални услови – тие ги создале условите преку дејствување, преку организација, преку солидарност, порача во своето обраќање министерот Андоновски.

Тој потенцира дека Даме Груев, визионерот на македонската борба, славно изјави дека „Македонија ќе ја ослободи самиот македонски народ, со сопствени сили и со своја крв.“ Ние денес сме доказ дека тој идеал не згаснал – туку продолжува преку нас.

Вечен да е Илинден, вечна да е Република Македонија, додаде во објавата.

Поврзани вести