Skip to main content

Андоновски: Неготино забрзано чекори кон дигитална иднина

Фото: Министерство за дигитална трансформација

Општина Неготино активно се движи кон дигитализација на процесите и услугите кон граѓаните, ставајќи го фокусот на зголемување на ефикасноста, транспарентноста и достапноста.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денес беше во посета на општина Неготино каде што заедно со Секретарот на општина Неготино, Марија Нацева, беа претставени конкретни проекти кои имаат за цел да го унапредат работењето на локалната самоуправа и да обезбедат модерен, брз и инклузивен пристап до општинските услуги.

„Познато е веќе дека Министерството за дигитална трансформација го фасилитираше процесот за бесплатни WI-FI зони, а општина Неготино е една од првите која што аплицираше на овој повик, денеска разговараме и за бројни проекти кои што ќе следуваат во процесот на дигитализација на општините и доближување на општината до граѓаните – да можат со еден клик да стигнат до било каква услуга“, изјави Андоновски.

Првиот значаен чекор веќе е направен со отворањето на новиот Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација.

Центарот е резултат на соработка со граѓанскиот сектор, а неговото доопремување е во тек со цел да биде целосно достапен за сите жители на Неготино.

Во наредниот период следуваат неколку клучни дигитални иницијативи: Воведување на нови електронски услуги за зголемена достапност и поедноставени административни постапки за граѓаните и компаниите
Приклучување на националниот систем за дигитално управување со документи и предмети, со што значително ќе се подобри ефикасноста на административниот процес. Поставување на бесплатни Wi-Fi зони на јавни површини, со цел подобрување на дигиталната поврзаност и инклузивност, истакна тој.

Целта на овие активности е јасна – секој граѓанин, без разлика на местото на живеење, да има еднаков пристап до бенефитите на дигиталната трансформација.

Поврзани вести