
Американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер ја бодреше македонската ракометна репрезентација од трибините во Вараждин, каде вечерва нашите ракометари играа одлично и освоија бод против еден од фаворитите на ова светско првенство – Унгарија.
Aгелер на „Фејсбук“ посака среќа на целиот македонски тим.