Skip to main content

Алфа: Малку ли изгоревме, па сега некој повторно да потпалува: Обид на „шарените“ да ја злоупотребат тагата и гневот на граѓаните

Обид за политизација на големата трагедија во Кочани. Додека семејствата тагуваат за смртта на 59-те свои најмили, а во државата има седумдневна жалост, одредени невладини организиции, кои важат за блиски до опозицијата, која до пред само неколку месеци беше власт, повикуваат на протести. Една од тие невладини е Цивил МК на Џабир Дерала, кој важи за еден од најблиските до опозициската СДСМ.

Според познавачите вакво нешто е најмалку потребно во овие моменти на тага во државата. Новинарот Дарко Јаневски, вели ова е очекувано сценарио од страна на тие гарнитури, слично како што спровеле и со Шарената револуција.

-Они имаат меѓутоа еден проблем, не постои сценарио за уривање на оваа Влада, како што постоеше сценарио за уривање на Груевски за да се промени името и за да се инсталира Заев. Од нив треба да се очекува, нека продолжат нека прават што сакаат, меѓутоа нема да имаат успех овој пат како што тоа беше во 2015-та, 2016-та, изјави Јаневски за Алфа.

Писателката и универзитетски професор Мимоза Рајл, смета дека овие моменти треба да достојно да се испратат трагично загинатите, а не да се организираат протести.

-Профитери од трагедија! Моралисти, ама оние од драмите на Чехов кои сé претставуваа дека се совршени, а внатре себе беа најголемите злостори! Да се вратиме на разумот! Да ги испратиме децата достоинствено со тивка, заедничка, колективна молитва и да го замолиме Бога сите заедно да влезат во Царството небесно, напиша Рајл.

Според активистот Роберт Милески на протести сега повикуваат оние кои со децении доведувале до тоа државата да го допре дното.

-Овие паразити што 35 години учествуваа во систематско уништување на македонската држава повторно се будат. Наместо да ја оставаат нацијата да тагува, наместо да ги остават младите самите да одлучуваат, нивните гнасни паразитски умови и во оваа трагедија наоѓаат начин како да бидат главни јавачи на апокалипсата!, напиша Милески.

Надлежните најавија дека ќе се спроведе темелна истрага со цел да се откријат сите кои директно или индиректно се одговорни за оваа голема трагедија. Порачуваат дека одговорност ќе има за секој инволвиран во овој случај. Според Јаневски токму тоа е она што мора да го направи институциите.

-Да се преора се во врска со овој случај, не само во овој случај, овој случај треба да биде поттик да се расчисти со севкупниот криминал во оваа држава кој што е сторен во изминатиот период. Овој пат или ќе се успее или нема да не биде, вели Јаневски.

Инаку, протестот во Скопје го организира здружението на граѓани „Кој е следен“. Од фејсбук групата насловена Кочани повикаа да не се политизира оваа трагедија. Велат „Не ти требаат вашите политички пресови, ниту обвинувања меѓу вас. Не сакаме ни опозиција, ни власт  да ја користат оваа трагедија за политички поени. Овој пат од вас бараме нешто друго, сплотете се, обдинете се, еднаш за секогаш“.

Поврзани вести