Skip to main content

Агенција за храна: Откриен магацин на диво со небезбедна храна

фото: Агенција за храна и ветеринарство фејсбук

Во магацин кој работел на диво во скопската населба Маџари се откриени над 40 илјади килограми небезбедна храна Станува збор за сувомесни и кондиторски производи за кои е издадено решение да се уништат. Импровизираниот магацин за храна бил откриен при вонреден инспекциски надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), која во соработка со полицијата извршила проверка во див објект каде била складирана храна од животинско и од неживотинско потекло.

Во објектот кој служел како магацин за храна, а кој не е регистриран во АХВ како оператор, инспекциските служби на Агенцијата нашле 40.751 килограми небезбедни производи (сувомесни и кондиторски производи), за кои е издадено решение и кои се нештетно уништени“, соопшти АХВ.

Дополнително, во дворот на дивиот магацин, од страна на МВР запленето е комбе, во кое се пронајдени 360 килограми небезбедни сувомесни и кондиторски производи, кои исто така се нештетно уништени.

За расчистување на овој криминал, во рамки на постапката, а со цел прибавување на сите потребни информации, АХВ спроведе контрола и кај увозникот на небезбедните сувомесни производи затекнати во дивиот магацин. Обезбедена е целокупната документација за реализираните увози, како и за следливоста на пратките, за период од последните шест месеци“, соопштија од Агенцијата за храна.

Поврзани вести