Skip to main content

Агелер го посети Центарот за управување со кризи

ЦУК

Американската амбасадорка Анџела Агелер вчера беше во посета на Центарот за управување со кризи.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ја запозна Агелер за претстојните реформи во кризниот менаџмент и цивилната заштита и подготовките за справување со пожарите на отворен простор, капацитетите и ресурсите на државата, како и со искуствата од безбедносните предизвици и кризните состојби во земјата.

За континуираната поддршка во обука, опрема и инфраструктурни инвестиции од САД, Ангелов изрази особена благодарност и верба дека соработката ќе добива нови содржини.

Агелер го посети Секторот 112, како еден од најзначајните проекти за обезбедување итна помош на лица во опасност, и во разговорот со вработените се запозна со одговорноста да се биде гласот за помош во секое време.

Поврзани вести