
„Госпоѓа Бовари“ е предизвик, приказна за внатрешниот бунт на една жена, преточена во танц кој ќе го допре вашето срце. Преку драматична кореографија, впечатливи сценографии и моќна музика, оваа претстава ќе ве остави без здив.
Во улогата на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска со фасцинантна интерпретација на хероината која бара повеќе од животот. Ќе сведочите на балет кој говори за љубов, разочарување, копнеж и пад… сето тоа низ движења што ќе ви го одземат здивот.
Доживејте вистинско балетско ремек дело, препорачано од многу реномирани европски критичари.
Изберете го датумот кој ви одговара:
18.11.2025 или 21.11.2025, од 20:00 часот, велат од томот на МОБ.

Македонски








