![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/476183363_939030574966512_6605637911671339424_n.jpg)
Во среда, на 12 февруари 2025 година, во изложбениот салон Галерија 22 при Центарот за култура “Ацо Шопов“ Штип, со почеток во 18:00 часот, ќе биде отворена првата самостојна изложба на Живка Величковска, насловена како “ZIVE”.
Живка Величковска е родена 1954 година во Куманово. Таа е дипломиран економист на Економски факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Од 2019 година како пензионер се занимава со рачна изработка на украсни предмети од гипс, глина, хартија, со рециклирање и декупаж техники. Воедно и слика и користи различни техники, мотиви и бои. Претежно акрил и темпера на различни подлоги.
До сега има учествувано на две групни изложби на “Самоуки“ кои традиционално се одржуваат во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Ова е нејзина прва самостојна изложба со нејзината омилена тема – цвеќе.
Со оваа изложба сака да ги инспирира и поттикне сите креативни луѓе, без разлика на возраста и образованието, да ја искажат и покажат својата креативност во областа на уметноста и рачната работа.