Skip to main content

„Зимски салон 2026“ обединува на едно место различни генерации сликари со различни ракописи, сите гладни за уметност

Кабинет на претседателката на државата Гордана Сиљановска - Давкова

Биеналниот „Зимски салон 2026“ е резултат на внимателно осмислениот концепт, што цели да обедини на едно место различни генерации сликари, со различни ракописи, насликани за различни генерации набљудувачи, сите гладни за уметност, порача синоќа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на отворањето на 21-то издание на оваа ликовна манифестација, во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, коешто годинава одбележува 80 години од своето постоење.

Во обраќањето, Сиљановска-Давкова го истакна огромното значење на ликовната уметност за културниот и духовниот развој на македонската држава. Според неа, „Зимски салон 2026“ е препознатлива и вредна ликовна манифестација што дава пресек на современите ликовни состојби, но и навестува нови правци во уметноста.

Според неа, уметничкото творештво има моќ да ги надмине географските и политичките граници, туркајќи ја македонската уметност во плоден дијалог со европските и светските текови: од модернистичките визии на Лазар Личеноски и Никола Мартиноски, преку силниот израз на Петар Мазев и поетиката на Димитар Кондовски, до современите автори со иновативни форми и значења.

Претседателката Сиљановска-Давкова годинава беше покровител на оваа ликовна манифестација.

Годинашното издание на „Зимски салон“ е курирано од реномираната словенечка ликовна критичарка Лилјана Степанчиќ.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам како Национален проект за 2026 година.

Поврзани вести