Skip to main content

Завршна годишна изложба во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“

 Во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ – Скопје, вечер во 21:00 часот ќе се одржи завршна годишна изложба. Ќе бидат изложени ликовни дела на учениците од сите смерови од I до IV година во учебната 2024/2025 како што се мултимедиски дизајн, сликарски дизајн, графички дизајн, дизајн на керамика, дизајн на ентериер, мебел и индустриски производи, вајарски дизајн.

На настанот ќе се одржи и модна ревија на која моделите ќе бидат облечени во креации изработени од учениците од смерот – дизајн на текстил и облека од втора и трета година од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“.

-Инспирацијата и поле на истражување на учениците за да создадат уникатни модни концепции беа темите од историја на уметноста, што ќе ги презентираат на ревијата, која ќе се одржи во просториите на училиштето и во дворот. Ова е голем ден за учениците:  Ема Илиевска, Јана Самарџиева, Лина Митревска, Стефан Бјелиќ,Мила Андова, Јана Зориќ, Тереза Тачевска, Мелани Манчевска, Анастасија Јованова, Олга Ѓорѓиева, Шенон Андреска, Тино Наков и Андреа Оливети, Живко Станчев, Арбенита Авди, Николина Костовска и Мила Бошковиќ, кои ќе ги претстават своите дела, наведуваат организаторите.

Ментор на учениците е професор Елена Вангеловска, стручен соработник е костимографот Раде Василев, а реализацијата е на Верка Ѓуровска.

По ревијата ќе следи и настап на музички бенд. дма/вг/

Фото: ДСУЛУД „Лазар Личеноски”-Скопје

Поврзани вести