
Синоќа, на сцената на „Охридско лето“, ја доживеавме Холандија низ музика со настапот на Гудачкиот квартет на Кралскиот Концертгебау оркестар и специјалниот гостин Арно Питерс на кларинет.
Во тивкиот и возвишен амбиент на „Св. Софија“, Марк Даниел ван Бимен, Коралине Гроен, Санта Визине и Борис Недјалков ја покажаа прецизната хармонија, емоционалната зрелост и музичката длабочина по која Концертгебау е светски познат. Со дополнителната боја на соло-кларинетот на Арно Питерс, концертот доби нова димензија како дијалог помеѓу нежноста и силата.
Настапот беше од оние што не се забораваат – каде што сè е на свое место: уметноста, просторот и публиката што го препозна врвното.