Skip to main content

„Поручникот од Инишмор“ во Струмички театар: Низ црн хумор, иронија и апсурд се отвораат теми поврзани за човечката потреба за припадност

На сцената на НТ„Антон Панов“ – Струмица синоќа беше изведена премиерата на претставата „Поручникот од Инишмор“ од Мартин Мекдона.

Станува збор за дело од еден од најзначајните современи ирски драматурзи, во кое низ црн хумор, иронија и апсурд се отвораат теми поврзани со насилството, идеологијата, екстремизмот и човечката потреба за припадност.

Премиерната изведба е посветена на неодамна починатата актерка Тинка Ристеска, како знак на почит кон нејзиниот живот, актерскиот пат и нејзиниот придонес кон театарската уметност.

Режија и идеја за сценографија е на Ивана Ангеловска, превод и асистент на режија, Весна Куслеска, костимографија: Ванчо Василев, а дизајнот на плакатот и рекламниот материјал е на Ване Костуранов.

Улогите ги толкуваат Коста Ангов, Стојан Велков, Михаил Велков, Анкица Бенинова, Ванчо Василев, Игор Тодоров и Васка Ангелова.

Поврзани вести