
Како директорка на Македонсиот КИЦ во Загреб, искрено благодарам за поканата и укажаната чест за вчерашната работна средба во Собранието на македонското национално малцинство на Град Загреб, како и за врачената ,,Благодарница за неисцрпниот труд, посветеност и залагање во промовирањето на македонскатс култура, јазик и идентитет во Загреб и Република Хрватска”, соопшти Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на КИЦ Згареб.

Особена благодарност упатувам до претседателката на Советот, Зорица Велиновска, и до сите советнички и советници за топлиот прием и довербата. Во отворена и пријателска атмосфера разговаравме за значењето на културната дипломатија и за можностите за натамошно унапредување на односите меѓу македонските институции и македонската заедница во Загреб, како и за продлабочување на соработката со хрватските институции.
Оваа благодарница за мене претставува силен поттик за понатамошно јакнење на улогата на културната дипломатија, преку градење нови партнерства и афирмација на македонската култура во Република Хрватска.
Верувам дека со заедничка работа, меѓусебно почитување и отвореност можеме да придонесеме кон достоинствена промоција и афирмација на богатата вековна македонска култура и културно наследство.
Оваа благодарница ја доживувам како потврда на досегашната работа, но и како чест и одговорност да продолжам со уште поголема енергија и посветеност на полето на културната дипломатија и поврзувањето на Македонија и Хрватска
Во име на Советот председателката Зорица Велиновска на директорката Мими Ѓоргоска Илиевска и врачи благодарница, со што посебно беше нагласена посветеноста и придонесот на директорката Ѓоргоска Илиевска, која со својата работа и визија дава значаен печат во македонскиот културен живот во Загреб. Од своја страна, директорката Ѓоргоска Илиевска упати благодарност за поддршката и досегашната соработка со Советот, истакнувајќи го значењето на неговата работа во зачувувањето и негувањето на македонскиот јазик, култура, традиција и вера меѓу Македонците во Загреб.

Македонски



