Skip to main content

Во Прилеп отворена изложбата „Рефлексивна привлечност“ од скулпторот Слободан Милошески

Центар за култура „Марко Цеоенков“ од Прилеп

Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложбата “Рефлексивна привлечност ” од скулпторот Слободан Милошески, кој се претставува со дела кои се иновативна уметност, заради материјалот што е употребен и со концептот на идеи што ги носат.

Скулптурите претставени на изложбата прртставуваат различни метални симболи-стилизирани растенија, геометриски форми…обезбедувајќи им на гледачите приказ на изработка, со комбинирање слоеви од метал, едноставност и безбедност на хроматската текстура, во склад со уметничката душа….Видлив е капацитетот на авторот да ги примени своите специфични вештини во создавањето хармонично координирани површини направени од метални елементи и конструкции-забележува проф.д-р Џемаил Бектовиќ, за творештвото на уметникот.

Слободан Милошески досега реализирал бројни изложби во земјава и во странство.

Изложбата е дел од годишната програма на Центарот,поддржана од Министерството за култута и туризам.

Поврзани вести