Skip to main content

Во Прилеп е отворена изложбата „Сувенир” од Милко Нестороски

Центар за култура „Марко Цепенков“

Во Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп е отворена изложбата „Сувенир” од Милко Нестороски.

Уметникот Милко Нестороски пред прилепчани се претставува со 15 дела изработени од природни предмети.

Фото: Центар за култура „Марко Цепенков“

Делата ги нареков сувенири будејќи претставуваат спомени од природата. Раскажуваат за изобилството на форми на природата и убавината која може да биде пронајдена во нив, од која се повеќе денешното општество е оддалечено, а ја конзумира естетиката на масовно произведените предмети, а и сувенири – вели уметникот, кој живее и твори во Струга.

Изложбата е дел од годишната програма на ЦК „Марко Цепенков” за 2025 г.

Поврзани вести