
Во Македонскиот културен центар во Истанбул се одржа поетска вечер „Писма од Македонија“, посветена на поетското творештво на Бранко Цветкоски.
Во рамки на вечерта беа претставени избрани поетски записи на Цветкоски, со акцент на неговите тематски и стилски особености. Присутните имаа можност да се запознаат со поетските мотиви, интерпретацијата на животното искуство на авторот, како и карактеристичниот лирски израз на поетот.
Изразуваме благодарност до Бранко Цветкоски за присуството и споделеното поетско искуство, до Мите Стефоски – уметнички директор на Струшките вечери на поезијата – за професионалната модерација, до Асуде Кочан, која овозможи двојазична комуникација со нашата публика, како и до сите присутни кои со своето учество придонесоа вечерта да се одвива во отворена и пријатна атмосфера.
Настанот уште еднаш покажа дека поезијата останува важен мост во културниот дијалог меѓу Македонија и Турција, велат од Македонскиот КИЦ во Истанбул.

Македонски







