Skip to main content

Во македонската амбасада во Пекинг студенти од Универзитетот за странски студии рецитираа стихови од македонски поети

МИА

Во македонската амбасада во Пекинг денеска се одржа настан за одбележување на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, кој се празнува на 24 Мај.

Нашиот амбасадор во Пекинг Сашко Насев го истакна значењето на овој значаен празник за нас и за нашиот јазик, идентитет и култура, јави известувачот на МИА од Пекинг.

Студенти по македонски јазик од Универзитетот за странски студии во Пекинг ги рецитираа стиховите на „Букви“ од Гане Тодоровски, „Глаголица“ од Анте Поповски и „Везилка“ од Блаже Конески, а ученици и професори од Меѓународното училиште Тсингуа и Британското училиште во Пекинг ги кажуваа стиховите на „Т’га за југ“ од Константин Миладинов, „Ветрот носи убаво време“ од Ацо Шопов и „Тешкото“ од Блаже Конески.

Поврзани вести