
Музеј „Теракота“ Виница синоќа го одбележа јубилејот 40 години од откривањето на Теракотните икони. На манифестацијата по тој повод директорката на музејот Сара Даневска во име на музеј „Теракота“ додели благодарници на институции и поединци кои давале и даваат голема подрашка на активностите кои се спроведуваат од страна на музеј „Теракота“- Виница
Со особена чест и искрена благодарност, се заблагодарив на благодарницата на Управа за заштита на културното наследство на овој значаен јубилеј, кој е сведоштво за годините исполнети со посветеност, труд и заеднички успеси и признание за луѓето кои биле дел од сите овие години.
Теракотните икони и виничкото Кале се репрезент на Македонската археологија во светски размери, вели Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културно наследство.