
На 17 ноември на покана на Македонско културно друштво „Македонија“ и Заедницата на македонците во Република Хрватска, Велешки театар ќе ја одигра претставата „Синиот портокал“ во Сплит, Р. Хрватска.
Гостувањето во Сплит на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ е во рамките на манифестацијата „Македонска културна есен“ која оваа година се одржува по 15 пат.
„Синиот портокал“ е најиграна претстава во историјата на Велешки театар со над 100 изведби. Автор на текстот е Џо Пенхол а претставата е во режија на Александар Ивановски. Фаик Мефаилоски е Ерџан, Жарко Спасовски е Д-р. Костадин а Самоил Стојановски е Д-р. Роберт во претставата.

Македонски








