Skip to main content

В четврток комеморација за Соња Каранџуловска во МНТ

На 29 мај (четврток) во 12:00 часот во Македонскиот народен театар, ќе се одржи комеморација за актерката Соња Каранџуловска, соопштија од МНТ.

Ве покануваме да ѝ оддадеме почит на актерката Соња Каранџуловска, која пленеше на сцената со голема жар, со огромна амбиција кон големите дела и со беспрекорната работливост што ја красеше, а енергијата ја пренесуваше од сцената кон публиката и телевизискиот/филмскиот екран.

Вечен спомен за единствената Соња Каранџуловска!

Поврзани вести