Skip to main content

Утре започнува Вевчанскискиот карневал

Во недела вечерта, на 12 февруари, созабавно-уметничка програма и концертните настапи на домашни и регионални изведувачи започнува „ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ“, чија традиција и годинава ќе биде продолжена со неговото одржување 12 до 14 јануари 2025 година.

Забавно музичката програма покрај главното дефиле на маските, годинава ќе се одвива во две вечери.

Првата вечер, на 12-ти јануари (недела) на сцената во Вевчани ќе настапат мегапопуларниот македонски трапер, охриѓанецот Пајак, потоа една од најдобрите македонски поп-рок групи „Ареа“, а вечерта ќе ја затворат легендарните предводници на некогашниот сараевски „њу примитивизам“, групата „Забрањено пушење“.

Втората карневалска вечер, на 13 јануари (понеделник) во музичкиот програм ќе ја отвори најпознатата македонска етно-поп група „Љубојна“. По неа ќе настапи златното грло на македонската новосоздадена фолк песна, единствениот Наум Петрески, а програмата ќе продолжи со „Оркестарот со зурли и тапани Вевчани“. Вечерта ќе ја затворат со својот настап Перо Бели и Коки – Биоритам.

Парадата на маските пак, ќе се одржи напладне во понеделник (13 јануари), а карневалот завршува на 14 јануари каде со василичарско оро и палење на маските се става крај на годинешното издание на оваа манифестација со долхговековна традиција. Модератор на програмата ќе биде новинарот и ТВ водител Антонио Димитриевски.

Поврзани вести