Skip to main content

Управата за заштита на културното наследство го враќа Скопско Кале во фокусот на заштитата

По долг временски застој, Управа за заштита на културното наследство го потпиша договорот за завршување на двата музеи на Праисторискиот и Османлискиот период на Скопското Кале – еден од најзначајните симболи на културното наследство на Македонијам информираат од Управата.

Оттаму потенцираат дека со овој договор е предвидена целосна санација и адаптација на овие два објекта со што, како што нагласуваат, овој вреден простор ќе биде збогатен со дополнителни содржини кои ќе претставуваат сведоштво за континуитетот на животот во Скопје низ милениумите.

Средствата за овој капитален проект се обезбедени од страна на Владата Република Македонија со ребалансот на Буџетот за 2025 година, а инвеститор е Управата за заштита на културно наследство орган во својство на правно лице во Министерство за култура. Работите се одвиваат во координација со стручните тимови на Управата за заштита на културното наследство . Работите ќе ги изведува економскиот оператор Нет инвест гроуп чија понуда за јавната набавка за услуги – одржување на објекти и сервисирање на опрема – Скопско Кале, Музеј на праисторија и Музеј на Отомански период, од страна на комисијата за јавни набавки, беше избрана како најповолна согласно Законот за јавни набавки, се вели во денешното соопштение од Управата за заштита на културното наследство.

Со завршување на постапка за јавната набавка и потпишување на договорот за јавната набавка за услуги – одржување на објекти и сервисирање на опрема – Скопско Кале, Музеј на праисторија и Музеј на Отомански период, според Управата, се започнува со активности на санирање на музејите и опремата со што конечно, после 7 години на одлагање ќе се овозможи ставање во функција на музеите.

Со ова движното културно наследство пронајдено на Скопкото кале конечно ќе стане достапно за јавноста што е од витално значење за развој на туризмот, промоција и популаризана Скопската тврдина Кале, за кое постои огромен интерес од страна на научните работници, медиуми, како и од страна на домашните и странските посетители, велат од Управата.

Со ова, додаваат, продолжуваат активностите за ревитализација на Скопската тврдина Кале што е еден од приоритете на Владата на Република Македонија, Министерството за култура и туризам и Управата за заштита на културното наследство.

Поврзани вести