
На Филолошкиот факултет во Скопје денеска од 13 до 15 часот ќе се одржи тркалезна маса на тема „Албанскиот јазик и култура“. Настанот е во соорганизација на Катедрата за албански јазик и книжевност и Институтот за духовно наследство. Утре во 10 часот со јавни предавања ќе бидат одбележани 45 години од Катедрата за општа и компаративна книжевност. На 16 април во 13 часот во аулата на факултетот ќе се одржи омаж на германскиот писател Рајнер Марија Рилке. М. Рилке (1875-1926), со поетско-музички и мултимедијален настан, а го организира Катедрата за германски јазик и книжевност.

Македонски


