Skip to main content

Jaмал најавува притисок врз Атлетико од првата минута

 Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, најави беспоштедна борба на реванш натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

– Ветуваме дека ќе се бориме до самиот крај. Нема да ги оставиме без притисок и трчање ниту минута – ќе дадеме сè од себе, рече играчот на прес-конференцијата пред натпреварот.

Реваншот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона ќе се одржи на вечер на „Метрополитано“ во Мадрид, со почеток во 21 часот. Првиот натпревар заврши со победа на Атлетико Мадрид од 2:0.

На другиот вечерашен дуел од елитната фудбалска лига ќе се соочат Ливерпул и Пари Сен-Жермен. По првиот дуел предност од 2:0 имаат парижаните.

Поврзани вести