Skip to main content

Трета година по ред тече проектот „УГД- Чекор кон светот“ во кој студентите по современ танц работат со врвни професори од земјава и странство

УГД

Во рамки на проектот „УГД – Чекор кон светот“, што се одржува трета година по ред, студентите на Катедрата за современ танц и балетска педагогија на Универзитетот „Гоце Делчев“, имаат можност за професионална надградба на своите знаења и активно вклучување на професионалната сцена во соработка со Скопје танцовиот театар.

Во периодот на април, мај и јуни студентите имаат можност за работа на повеќе работилници со кореографи и професори од земјава и странство. Гостин на проектот беше италјанската короеграфка Џилда Цесарио, кој во период од две недели работеше на усовршување на студентите на современа танцова техника, како и креирање на оригинална короеграфија за нив, под наслов „Несовршен превод“, која се изведе во рамките на Интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2025, информираат од УГД.

Во рамки на фестивалот, со студентите била изведена и кореографијата „Вортекс“ на кореографката Адријана Данчевска и претставата „Идентитети – Будење“ на Рисимкин. Воедно, студентите од Катедрата за современ танц настапиле и во претставата „Д (како Дездемона“ во креографија на Рисима Рисимкин, која била изведена во рамки на „Денови на македонски кореографи“ на Малата сцена на Националната опера и балет, како и на отворање на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола.

Студентите од Балетска педагогија настапиле со кореографијата „Бунтовни Венери“ во кореографија на Олга Панго, а имале можност за надградба преку работилница со Дијана Имери Илковска, насловена како „Важноста на музичката придружба во креирање на балетски екзерсис“.

Катедрата за современ танц и балетска педагогија при Универизтетот „Гоце Делчев“, нагласуваат оттаму, ја продолжува својата мисија, да им овозможи на студентите солидно образование, како и надградба на знаењата со цел да се пласираат што подобро на домашната и европска професионална сцена.